ПОТТИКНИ МИР - ЖИВОТОТ Е ЗАГРОЗЕН!

Животот е загрозен! Животна средина – Здравата животна средина е основа за зачувување на човековото постоење и одржлив развој на општеството. Животна средина е нашиот дом, околина во која живееме, работиме, се радуваме. Без здрава животна средина се доведува во опасност човековото постоење. Иако е фундаментално човеково право тешко е воопшто да се зборува за него во услови кога не погодуваат големи еколошки катастрофи како енормно загаден воздух, долгогодишно несодветно одлагање на токсични материи, неадекватно управување и постоење на диви депонии итн. Според Институтот за јавно здравје, во Македонија 1600 лица умираат годишно како резултат на загадувањето на воздухот, а како директна последица од високите дози на канцерогени честички во воздухот имаме над 3 000 предвремени смртни случаи. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи. Поттикни мир преку грижење за животната средина!
Back to Top