Skopje Jazz Festival 2020: WILLIAM PARKER TRIO

WILLIAM PARKER bass AVA MENDOZA guitar GERALD CLEAVER drums Басист, импровизатор, композитор, писател и едукатор. Овие зборови го опишуваат њујоршкиот музичар Вилијам Паркер, за кој Village Voice напиша дека е „најбрилијантниот фри-џез басист на сите времиња“. Покрај 150-те снимени албуми, тој има објавено шест книги и бил учител и ментор на стотици млади музичари и артисти. Неговото сегашно трио вклучува двајца извонредни музичари од различни генерации. Ава Мендоза е гитаристка, пејачка, текстописец и композитор од Бруклин. Родена во 1983, почнала да настапува со авторска музика, но и во многу различни соработки и проекти. Како гитаристка, Мендоза добива признанија за нејзината техника и спонтаноста во приодот кон инструментот. Во улога на водач на бенд, нејзиниот најдолготраен проект е експерименталниот состав Unnatural Ways, но често настапува и како соло изведувач. Во било кој контекст, таа воведува посветена експресивност, енергија и широк звучен опсег на музиката. Роден и израснат во Детрои
Back to Top