„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Ова значајно издание е креирано со цел да послужи како клучен ресурс за родителите и стручните служби во училиштата, нудејќи им практични совети и насоки за ефикасно справување со предизвиците поврзани со насилството во образовниот контекст.
,,Публикацијата е дизајнирана како алатка која ќе им помогне на родителите да ја разберат својата клучна улога во превенцијата на насилството и во создавањето подобра и побезбедна училишна средина за нивните деца. Опремен со детални упатства и препораки, верувам дека Водичот ќе придонесе во градењето здраво и поддржувачко училишно опкружување. Со оглед на тоа дека децата поминуваат меѓу 6 до 8 часа дневно во училиште, повеќе од 200 денови годишно, училиштето е исклучително значаен дел од нивниот живот. Времето поминато таму е драгоцено, искуствата и знаењето што се стекнуваат се од непроценлива вредност. Да потсетиме, училиштето не е само место на учење, туку е и синоним за пријателства, први љубови, комуникација... Токму затоа, квалитетот и безбедноста на училишниот живот се од суштинско значење за здравиот развој на секое дете“, изјави Драги Змијанац – претседател и основач на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.
,,Нашата амбиција со овој Водич е да придонесеме кон култивирање на училишни средини каде што секое дете се чувствува безбедно, заштитено и охрабрено да се развива до својот максимален потенцијал. Веруваме дека заедничките напори на родителите, стручните служби и училишниот персонал се крајно важни во процесот на создавање на опкружување каде што насилството е категорично отфрлено“, изјави Моника Илиоска Кантарџиоска Monika – раководителка на програми во Коалиција за младински организации – СЕГА Coalition of youth organizations SEGA
Катерина Златанова Попова како родител на две деца од средно училиште ги покани сите заинтересирани родители и професионалци да се запознаат со Водичот и да се приклучат кон напорите на Меѓаши за подигање на свеста и активно учество во креирањето на посветла и побезбедна иднина за децата.
Светлана Тодоровиќ - училишен психолог во СУГС Георги Димитров како и Вероника Петрова – Претседателка на ученичкиот парламент во СУГС Георги Димитров и Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши, беа согласни дека денес семејството претрпува значајни промени во својата структура, функции и динамика, соочувајќи се со многубројни предизвици како сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост и разводи. Но, независно од овие промени и предизвици, потребите на децата за љубов, грижа и внимание остануваат непроменети. Во овој контекст, училиштето се појавува како критична институција во животите на децата, место каде тие треба да наоѓаат безбедност и поддршка, околина која ќе ги охрабрува и ќе го стимулира нивниот развој и учење.
Реалноста денес нè поставува пред сериозен предизвик во контекстот на превенцијата и справувањето со насилството во училиштата. Честопати за жал училишните средини се претвораат во извор на стрес и траума. Насилството во училишната средина значително влијае врз децата, предизвикувајќи отсуство од настава, паѓање на училишниот успех, загуба на мотивација и чувство на страв и несигурност. Токму затоа, создавањето безбедни и ненасилни средини за децата не е само цел, туку и императив на современото општество.
Преку организирано и свесно дејствување кон менување на ставовите, рано препознавање и спречување на насилството, како и негување на позитивна атмосфера, ќе се изгради заштитна мрежа која ќе обезбеди помош и поддршка за сите ученици. На тој начин, училиштата ќе станат места каде се негува културата на ненасилство и се промовира безбедна средина за секое дете. На крајот, треба да се потсетиме дека нема поголема инвестиција од таа во добросостојбата и безбедноста на децата. Нивната сигурност и благосостојба се врвен приоритет!
Публикацијата е достапна на македонски, албански и турски јазик, во електронска форма.
Материјалот во оваа публикација е интерактивен и усогласен со домашните закони и меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоззи/Kinderdorf Pestalozzi.
1 view
153
33
1 week ago 00:01:11 1
Шпанци спремају грађане за нуклеарни рат. Шпанија припрема први водич за цивилну заштиту за суочавање са “ратним ризиком“
4 weeks ago 00:00:35 1
Обилазак поља и шумовитих предела Курске области од нашег водича дроном
2 months ago 01:19:03 1K
Академия Ротор - СШ Кожаный мяч | матч за 3-е место | Кубок имени С.М.Чекальяна
2 months ago 01:11:19 729
СШОР-1 - ФК Олимпик | матч за 13-е место | Кубок имени С.М.Чекальяна
2 months ago 01:13:12 954
АФ КК Белые - ФК Кубань | матч за 7-е место | Кубок имени С.М.Чекальяна
2 months ago 01:09:16 1.1K
АФ КК Синие - ПФК Кубань | матч за 9-е место | Кубок имени С.М.Чекальяна
2 months ago 01:08:11 1.4K
Vista Junior - ФК Форте | матч за 11-е место | Кубок имени С.М.Чекальяна
2 months ago 01:10:11 2.7K
ФК Спартак - ФК Рапид | матч за 5-е место | Кубок имени С.М.Чекальяна
3 months ago 00:24:43 1
ШОКУЮЧІ НОВИНИ!!! Росія піде під воду?Пророцтва від Ісіти Гаї…
3 months ago 00:34:31 4.8K
WOWсайде - СК Победа (выпуск №5)
4 months ago 00:00:37 1
Рад оператера УАВ на херсонском правцу
4 months ago 00:00:47 53
„Икс водичи“ групе „Север“ поделили су на атоме још један тенк Оружаних снага Украјине
4 months ago 00:00:47 2
„Икс водичи“ групе „Север“ уништили су комплекс за електронско ратовање „Буковел“ Оружаних снага Украјине
5 months ago 00:00:30 1
Одески грађани запалили су још један аутомобил који је припадао украјинским оружаним снагама
5 months ago 00:00:03 5
Хезболах је показао подземни МЛРС
5 months ago 00:24:20 4
ИЛЬЯ ВОДИЧЕВ — про комментаторство, Матч Академию, ЮФЛ | Как за год попасть на федеральный канал?
5 months ago 00:01:09 1
На мрежи објављен први случај уништења америчког М270 MLRS у зони Северног војног округа
6 months ago 00:00:36 8
Бог, реч, Срби
6 months ago 00:04:44 963
🎬⚽️Обзор матча за третье место Кубка Победа — Заречный 4-2 СШ-2 ⚽️
8 months ago 00:02:47 25
„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
8 months ago 00:01:41 1
Меѓаши издаде водич како да се препознае и спречи насилството меѓу учениците
8 months ago 00:00:42 1
„Димни сигнали“ на небу изнад Сицилије: Етна се поново буди
8 months ago 00:03:08 534
Лёгкие рецепты
9 months ago 00:25:12 1
ДРЕВНИК - ВОДИЧ КРОЗ ДРЕВНУ ИСТОРИЈУ ЗА ПОЧЕТНИКЕ 2 ДЕО