Меѓаши Он лајн наставата им го скрати правото на образование на многу деца_1080p

Меѓаши: Он лајн наставата им го скрати правото на образование на многу деца во Македонија од Елизабета Дамјаноска-Спасеновска23/11/2020 Тринаесет деца на воздраст од 12 до 17 години изработија извештај за правата на децата во Македонија. Разработува седум теми во кои децата чувствуваат дека не им се исполнети детските права. За содржината на извештајот денеска во Утрински брифинг зборуваше Јорданка Черепналкова Трајковска од Првата детска амбасада во светот Меѓаши. -Прво тргнаа со тоа колку децата се запознаени со правата, па утврдија дека потребна е дополнителна едукација и тоа и на возрасните а не само на децата. Во извештајот се споменуваат проблемите со животната средина, со дискриминацијата, за проблемите со кои се соочуваат децата на улица, и најголем дел од извештајот е посветен на проблемите со образованието.
Back to Top