ЛИТИЈА СТРУГА 2019

Еве веќе 10 години, возобновената Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј. На верните, што во сѐ поголем број доаѓаат на ова чудесно духовно доживување, таа им го дава одново блесокот на Пасхалната радост. За Стружани, пак, е прекрасна можност сите да се сплотат во стремежот што подостоинствено да земат удел во ова торжество, кое ја осенува со благодат не само Струга, туку и целата наша Татковина. Тогаш Струга го покажува својот најубав лик: децата облечени во традиционални носии го китат градот со своите прекрасни насмевки и со слапови од цвеќе, кои ги принесуваат на Великомаченикот Георгиј; жителите за миг излегуваат од своето секојдневие и наредени од двете страни на улицата, со весели погледи и радосни восклици ја поздравуваат литијата; свечените звуци на Пасхалната химна во изведба на Градскиот оркестар на Скопје, го исполнуваат воздухот и ја зголемуваат празничноста на амбиентот; облаците се повлекуваат пред разв
Back to Top