Алармантна состоба со децата питачи - институциите потфрлиа
Алармантна состојба со децата питачи – институциите неми посматрачи
Раце испружени кои питачат чекајќи го црвеното светло, насмевки, досетки и солзи на детските лица кои долго време ве следат, ве прават и тажни и немоќни. Бебиња кои постојано спијат. Гневот е неминовен зошто и каде затајуваат надлежните институции со години наназад.
Деца питачи и жени со бебиња во рацете е сликата која секојдневно ја гледаме на скопските крсосници. Станува збор за серија кривични дела, меѓу кои и прекршување на Законот за заштита на децата.
Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни се клучни за решавање на ваквата алармантна состојба со сиромаштијата и злоупотребата на детскиот труд, сметаат стручњаците. Во земјава се отворени дневни центри за деца на улица чија што задача е да ги згрижат дневно, но состојбата е таква што децата повторно ги гледаме на улица, што укажува на нефункционалност на надлежните институции, вели Васка Бајрамовска заменик на Народниот правобранител.
„Ние во пракса след