Татко ги силувал трите ќерки, мајката ги убедувала да не пријават оти е срамота

Татко ги силувал трите ќерки, мајката ги убедувала да не пријават оти е срамота По храбрата одлука на едно од трите девојчиња од прилепско кое вчера во полиција пријавило дека нивниот татко ги силувал нејзе и нејзините две сестри цели три години, јавното обвинителство побара притвор за таткото и за мајката. ЈО со детали за грозоморниот случај со таткото што три години ги силувал трите ќерки Против 36 годишниот татко од прилепско има сомневање дека ги силувал своите три ќерки и е донесена наредба за спроведување на истражна постапка. -Периодот од 2021 до 2023 година таткото во повеќе наврати во домот вршел полови дејства врз своите три ќерки родени 2008, 2010 и 2014 година кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.-ЈО Исто така истрага има и против мајката на девојчињата за кривичното дело запуштање и малтретирање на дете. Според првичните изјави трите девојчиња и кажале на мајката дека нивниот татко вршел обљуба и полови дејствија врз нив а таа ги убедувала дека е срамота да го пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. од првата детска амбасада Меѓаши велат дека итно е потребно носење на закон каде ќе се зголемат минималните казни затвор дури и да има и доживотен затвор за сторителите на овие дела. Иста така потребна е поголема комуникација и во училиштата и институциите за социјлна заштита. Според него оние кои издржале казна затвор најчесто го повторуваат делото. Тој вели дека тие мора да имаат алки на движење, но и дека треба за нив да има хемиска кастрација. Во вчерашниот билетен на МВР и татко од Тетово беше пријавен од неговата бивша сопруга дека силувал малолетно дете. Во Македонија има регистар за педофили кој служи за пријавување на педофилија на бројот 15 505, но и профили на оние педофили кои служат или отслужиле затворска казна. Според кривичниот закон сега минималната казна е осум години а максималната казна 20 години.
Back to Top